Ducati и Lenovo лансираа нов лаптоп

ОБЈАВЕНО НА:

Ducati и Lenovo ги здружија силите и создадоа нов, заеднички лаптоп кој премиерно го претставија на саемот за потрошувачка технологија во Лас Вегас.

Официјалниот назив на овој преносен компјутер е Lenovo Ducati Notebook, а доаѓа со Windows 10 оперативен систем. Воочлив е дизајнот на лаптопот кој на надворешната страна има натпис Ducati Corse на црвена позадина.

Од останатите технички карактеристик исе наведува дека лаптопот е со 14 инчен екран, а доаѓа со Intel i5 процесор. Тука е и Dolby аудио системот, батерија која овозможува 12 часовна непречена работа, додека пак тежината изнесува 1,58 килограми.

Овој лаптоп ќе биде произведен во ограничена серија од 12 илјади примероци додека пак почетната продажна цена изнесува 899 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK