Во пресрет на Зимските олимписки игри кои ќе се одржат во 2022 година, властите во Кина во употреба пуштија нов, супер брз воз. Станува збор за најсовремен воз што некогаш е создаден кој ќе има за задача да вози од Пекинг до спортските центри кои ќе бидат домаќини на Олимписките игри.
Станува збор за автономен воз кој ќе може да постигне брзина до 350 км/ч. При тоа истиот е опремен со 5G мрежа како и технологија за препознавање на лица.
Тоа значи дека од Пекинг па до сите останати дестинации каде ќе се одржуваат натпреварувањата ќе може да се стигне и за помалку од 45 минути, а при тоа патниците ќе може да уживаат во најразлични кинески специјалитети.
Од тргнувањето, па се до запирањето на станиците и повторното стартување, се ќе биде автоматизирано и за сите ситуации ќе решава супер моќна технологија за чија потреба се поставени најразлични сензори како во самиот воз така и на станиците каде ќе минува.