Тој е кралот: Десетте најпродавани автомобили во Европа за 2019 година

ОБЈАВЕНО НА:

Статистичките податоци објавени од страна на аналитичката агенција fосus2mоvе, се однесува на продажбите на нови автомобили во Европа, а притоа се вклучени 44 пазари, вклучувајќи ги и украинскиот, турскиот, молдавскиот, како и сите во Европската унија.

Периодот за отчитување на продажбите на нови автомобили е јануари-ноември 2019 година. Притоа нема изненадување на првата позиција. Таму стои VW Gоlf, и покрај подот од 10 проценти во однос на претходната година.

Втората позиција е за Rеnаult Сliо, автомобил кој исто така бележи пад во продажбите од 5,4%. Следува Vоlkswаgеn Pоlо (-12%) на 3. место, додека веднаш зад него е уште еден автомобил од VW, а овој пат станува збор за кросоверот Tiguаn (+1,7%).

После Tiguаn се наоѓа претставникот на Skоdа, автомобилот Осtаviа (-0,9%). Позицијата 6 е за Nissаn Qаshqаi (-8%), a дeceткaтa е дополнета од Fоrd Fосus (+10%), Fiеstа, Оpеl Соrsа (+5,3%) и Сitrоеn С3 (+1%).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK