Lаmbоrghini го пропушта саемот во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот на автомобили кој треба да се одржи во Женева посетителите нема да имаат можат годинава да ги видат суперавтомобилите на Lаmbоrghini. Брендот од Италија ќе го скокне 90-тото издание на овој саем за да може да се насочи кон самостојна изложба каде нема да има конкурентски модели.

Новоста беше соопштена од страна на компанијата мајка, Audi. Притоа беше потцртано одличното претставување на Lаmbоrghini во 2019 година во однос на продажбите.

Непотребно е да се зборува дека Urus има главен придонес за успехот на компанијата. Новите доставувања во првата половина од годината на овој супер СУВ пораснаа со 182 проценти од 1.761 примерок во 2018 година до 4.962 возила. На второто место се наоѓа придвижуваниот од V10 агрегат Huracan со 2.139 продажби додека опремениот со V12 мотор, Aventador бил резервиран од 1.104 клиенти од целиот свет.

Уште еднаш САД е најголемиот пазар од сите земји на списокот, а ги има 51 во кој Lamborghini го има во мрежата од 165 дилери. Таму се доставени 2.374 автомобили. Потоа се редат Кина, Хонгконг и Макао со 770 автомобили, Велика Британија (658), Јапонија (641), Германија (562), Блискиот исток (387), Канада (376) и Италија (370).

Lаmbоrghini со нетрпение ги очекува бројките за 2020 година со оглед на тоа што претстои претставување на нови модели, но засега нема објавување на имиата. Се знае само дека Urus ST-X доаѓа подоцна оваа година.

Официјалните планови се потврдени и од прес службата на Lаmbоrghini зa електрифицирање при разработување на хибридните варијанти за сите модели на спортски автомобили од следната генерација. Со други зборови, наследниците на Аvеntаdоr и Hurасаn, ќе комбинираат мотор со внатрешно согорување со електричен мотор.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK