Како што најави на почетокот на годината, Seat го претстави својот прв електричен скутер именуван едноставно како Seat e-Scooter.
Премиерата шпанскиот производител ја направи на Smart City Expo World настанот во Барселона каде откри дека во продажба овој електричен скутер доаѓа следната година.
Според техничките карактеристики Seat e-Scooter располага со максимални 11 kW односно 15 КС. Со едно полнење на батериите може да помине и до 115 км што е одличен перформанс.
Максималната брзина која може да ја постигне изнесува 99 километри на час.