Од Versa до Maxima – седаните на Nissan во кои европјаните не може да уживаат

ОБЈАВЕНО НА:

Европската понуда на Nissan години наназад ја сочинуваат неколку модели и тоа: Micra, Leaf, Juke, Qasqhai и X-Trail.

Иако ова за нас се најпознатите Nissan возила, сепак во своето портфолио има уште 10-тина други модели кои се наменети за домашниот, јапонски, и американски пазар. На овој последниот пазар, Nissan продава дури четири седани кои генерираат значаен дел од продажбата на Nissan.

Европјаните ја немаат таа привилегија да уживаат во овие седан автомобили, па така ние во продолжение накратко ви ги прикажуваме истите.

Nissan Versa односно Almera е најмалиот седан на Nissan наменет за американскиот пазар. Актуелната петта генерација во понудата е од оваа година, а покрај во Тајланд се произведува и во Мексико од каде се дистрибуира на северно-американскиот пазар. Должината изнесува 4,496 мм, а во понудата е достапен со 1.0 литарски I3 и 1.6 литарски I4 мотор. Почетната цена во САД изнесува 14.500 американски долари.

2020 Nissan Versa SR front NYIAS 2019.jpg

Димензионално поголем седан е моделот Sentra кој во други делови од светот е познат и под името Pulsar и Sylphy. Должиата изнесува 4.625 мм, а во понудата е достапен со широк спектар на мотори. Почетната цена на овој седан во САД изнесува 17.990 долари.

Следен седан е моделот Altima кој се произведува во САД и Кина, а воедно е и најпродаван седански модел на јапонскиот производител. Должината изнесува 4.901 мм, а во понудата доѓа со 2.5 литарски I4 и 2.0 литарски турбо бензински I4 мотор. Почетната цена во САД изнесува 24.000 долари.

Во рангот на Altima, Nissan на американскиот пазар го има лансирано и седанот Maxima. Должината изнесува 4.897 мм, а во понудата е достапен само со 3.5 литарски V6 мотор. Почетната продажна цена во САД изнесува 34.250 американски долари што го прави најскапиот седан на Nissan.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK