Во 50 града во Европа: 24/7 сервисна поддршка за Сitrоën (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Една од основните грижи на современиот човек е како да го оптимизира своето време. За оваа цел, Сitrоën, брендот воден од слоганот Inspirеd by Yоu, ја лансираше услугата Сitrоën Sеrviсе 24/7. Тoa e eден иновациски систем, кој им дозволува на клиентите да го остават или да го земат автомобилот од трговско-сервисниот центар за време на 24 часа во седум дена од неделата.

Услугата е факт благодарение на целосно сигурен автомат за самопослужување. Овој систем веќе е успешно испробан во градовите Маси и Марсеј, а сега „Шевронит“ ќе го лансира и во уште 50 други објекти во Европа. Тоа ќе се случи во првата половина на следната година.

Автоматот дозволува да го оставите клучот и купонот на автомобилот, а плаќањето за услугата ќе се врши онлајн. Откако сервисната поддршка ќе биде извршена, клиентот добива СМС, кој го информира за тоа и може да отиде да го собере клучот и документите за автомобилот во секое време, благодарение на истиот тој автомат, после што може да го земе автомобилот од специјално назначен паркинг.

Резултатот е: нов тип на олеснети взаемни односи со трговско-сервисниот центар, без дополнителни расходи, кои не го ангажираат клиентот да мора да се придржува до работното време на сервисот и на тој начин го олеснуваат неговиот живот. Во исто време му гарантираат исто така квалитетна услуга, како и кај традиционалниот прием на рецепција во сервисот.

Повеќе можете да видите во видеото во продолжение.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK