Од компанијата Skoda Auto објавија дека продажбата на глобалниот бренд во првите девет месеци во 2019 година достигнала ниво од 913.700 возила, што е за 2,7% промални во споредба со истиот период минатата година. Со растот на речиси сите поголеми европски пазари, од брендот посочуваат дека главната причина за падот во реализацијата е кинескиот пазар на автомобили. Таму во последните неколку месеци се забележува пад во интересот на корисниците.
На другите пазари, Skoda Auto забележува продажба на 719.300 автомобили од почетокот на годината, што е зголеување за 4,4% во однос на првите девет месеци во 2018 година, а само во септември реализацијата на компанијата била на ниво од 102.000 возила (+7,5%).
Во Западна Европа, Skoda оствари продажба од 397.300 автомобили за периодот јануари-септември, што претставува подобрување за 6,6%, додека Централна Европа допринесува со 159.500 единици. Источна Европа, без Русија, со уште 37.200 единици (+10.6%), притоа акцентрирајќи на пазарното претставување со двојно процентно подобрување во Србија (5900, +16.5%), Украина (4200, +13.3%), Бугарија (3600, +18.5%) и други.
Како во септември, така и на крајот на првите девет месеци во годината, најпродаван автомобил на Skoda е Octavia (268.900), а на второ и трето место кон крајот на минатиот месец се редат Fabia (139.500) и Kodiaq (120.700). Зад нив се наоѓаат KAROQ (111/200), Rapid (109.800), Superb (77.100), KAMIQ (35.600), Citigo (30.000) и Scala (21.000).