Се засилува СУВ сегментот: Audi ќе го понуди Q4 во 2019

ОБЈАВЕНО НА:

Audi потврди дека ќе го претстави нивниот Q4 во 2019 година како дел од намерата на компанијата за експанзија во СУВ сегментот што во моментов е еден од најпродаваните на пазарот. СУВ/кросовер моделот во стил на купе ќе ги предизвика моделите како што се BMW X2 во најава и Range Rover Evoque.

Најавата за можниот изглед на новиот Q4 беше пред три години со Audi TT offroad concept студијата. Новиот Q4 треба д абиде позициониран меѓу Q3 и Q5 моделите во СУВ сегментот, а двата модели заедно беа продадени во над 500.000 примероци.

Новиот модел ќе се води од TT offraod concept што беше претставен во Пекинг. Концептот го комбинира спортското со лајфстајл изглед и корисноста на СУВ.

Од Audi тврдат дека значајно ќе го подобрат портфолиото следните години со нови модели како што се Q4 и Q8. Ќе се подобри и понудата на Q2 што беше лани промовиран на нови пазари, исто како и подобрениот Q5 што беше покажан годинава.
И новата генерација на A8 и A5 седан ќе тргнат во продажба годинава, а втората генерација на А7 ќе пристигне следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK