Производителот на гуми, Continental уште еднаш покажа дека има голем број на нови технички решенија кои веќе можат да бидат достапни за патничките автоомбили. И сето ова би можело да биде достапно во рок од неколку години. Една од поинтересните идеи е автоматското затемнување на стаклата.
Мајсторите во Continental го развија системот Intelligent Glass Control, кој овозможува со притискање на копче да се затемнат стаклата. Воедно во исто време корисникот може да го одреди и степенот на затемнување.
Според Continental во прозорците е инсталиран посебен слој, кој ја менува транспарентноста со помош на електрични сигнали за контрола.
Како функционира ова во пракса можете да погледнете во видеото во продолжение.