Opel подготви нова ретро колекција за вљубениците во овој бренд

ОБЈАВЕНО НА:

За сите фанови на Opel, овој производител подготви целосно ретро колекција достапна на официјалниот сајт на електронската продавница на овој производител.

Opel ги изненади фановите со лансирање на нов дуксер во жолта боја и хоризонтални линии, две во бела и една во црна боја. Тука е и новата маица во бела боја и ракави во сина и црвена боја. Доаѓа со логото и натпис “Opel”.

Овие два производи се со елементи препознатливи за Opel од 70-те и 80-те години на минатиот век. Цената, во зависност од големината и за тоа дали е за маши или женски, се движи од 34.90 евра за маицата до 49.90 евра за дуксерот.

Повеќе за понудата во онлајн продавницата на Opel можете да видите ТУКА.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK