BMW со премиера на M8 Gran Coupe

ОБЈАВЕНО НА:

Во јуни годинава BMW го претстави концептот на M8, но сега официјално е претставена и сериската изведба на овој модел.

Овој модел во целост се темели на основната изведба т.е. на CLAR платформата, а со цел да дојде до што е можно подобри перформанси во изработката користен е алуминиум, магнезиум и пластика со јаглеродни влакна. Оттука и вкупната тежина која изнесува 1.885 килограми.

Како дел од гамата која ја сочинуваат M8 Coupe, M8 Coupe Competition, M8 Cabrio и M8 Cabrio Competition, овој модел во понудата доаѓа со идентични мотори. Така, централно место зазема 4.4 литарскиот twin-turbo V8 мотор со 600 КС и 750 Nm обртни моменти, а во комбинација е со осум степен автоматски менувач. Со овој мотор до 100 км/ч забрзува за 3.2 секунди.

Почетната цена на овој модел изнесува 130 илјади долари, а првите испораки ќе бидат направени на почетокот на следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK