ABARTH со специjална јубилејна серија – 695 70° Anniversario (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Abarth открија детали за специјалната нова серија 695 70° Anniversario, во која ќе бидат вклучени тематски за годишнината на компанијата само 1949 примероци.

Иако новиот компактен спортски автомобил се разликува со многу елементи од „стандардните“ перформанси, а најистакнатата карактеристика е целосно новиот заден спојлер Spoiler ad Assetto Variabile, кој е рачно регулариран во 12 позиции (0-60 степени). Изведбата била оптимизирана во воздушен тунел на матичната компанија, FCA.

Од Abarth коментираат, дека серијата 695 70° Anniversario е насочена за највозбудливите фанови на брендот, барајќи бескомпромисно сообраќајно однесување и спортско чувство. Во опремата за компактниот автомобил се вклучени специјален надворешен пакет во кој се наоѓаат: 17-инчни алуминиумски бандажи, црвени сопирачки апарати Brembo со 305 милиметри предни и 240 милиметри задни вентилски дискови, уникатни спортски седишта за серијата  Sabelt Tricolore и други.

Моторот на 695 70° Anniversario е 1.4-литарски, турбо со максимална моќност од 180 коњски сили и максимален вртежен момент од 250 Нм. Максималната брзина на движење на автомобилот е 225 км/ч, а забрзувањето од 0 до 100км/ч е можно за 6,7 секунди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK