На специјален настан во Прага: Новата Skoda Octavia премиерно на 11 ноември

ОБЈАВЕНО НА:

Иако сите очекуваа премиерата да ја има на саемот во Франкфурт, сепак новата Skoda Octavia премиерно ќе биде претставена на 11 ноември на специјален настан во Прага на кој ќе биде одбележана и 60 годишнината од појавувањето на првиот автомобил под моделскиот назив Octavia.

Новата четврта генерација ќе ја користи платформата и технологијата на идниот VW Golf VIII, а Octavia ќе има и најпростран авнатрешност во својата класа. Во понудата ќе има караванска Combi верзија.

Новата генерација ќе порасне во должина и тоа од 466 cm на 470 cm. Ова зголемување ќе придонесе и за зголемување на капацитетот на багажниот простор кој ќе се движи од 590 литри кај седанската изведба до неверојатни 1.740 литри кај комбо изведбата со спуштена задна клупа.

Škoda Octavia

Екстериерно, кај овој модел применета е дизајнерската филозофија како и кај повеќето понови модели, а внатрешноста е инспирирана од моделот Scala.

Почетокот на продажбата е закажана за почетокот на 2020 година, а засега не се познати цените.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK