И Maserati ќе има електромобили

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Maserati открија интересни детали за иднината на развојот на производот на брендот и плановите за електрификација во понудата.

Од Maserati коментираат дека сите идни нови модели ќе бидат произведени 100% во Италија и ќе се нудат со иновациски и спортски хибридни и целосно електрични погонски системи. Од брендот велат дека исто така и идните 100% електрични пазарни Понуди ќе комбинираат врвна динамика на патот со новата генерација на батериска технологија, различни режими на управување, зголемена автономност и можност за брзо полнење на акумулаторните келии.

Првиот електрифициран (хибриден) автомобил на Maserati ќе биде Ghibli, кој ќе биде виден на пазарот во текот на следната година. Од компанијата ветуваат дека брзо после тоа ќе станеме сведоци на нов спортски модел со целосен електричен погон, електричен GranTurismo и GranCabrio, а во 2021 година ќе биде виден и нов SUV.

Друг важен чекор во развојот на Maserati, кој е потенциран од страна на компанијата е воведувањето на сериското производство на системи со автономно управување. Првично, новите модели на брендот ќе бидат достапни со системите од Ниво 2, после кое и од Ниво 3.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK