Кинези ќе развиваат електрични возила со Deutsche Post

ОБЈАВЕНО НА:

Кинеската компанија Chery и Deutsche Post ќе развиваат електрични возила за потребите на германските пошти, пренесуваат германските медиуми.

Chery Holding и Deutsche Post потпишаа меморандум за време на посетат на Ангела Меркел на Кина минатиот месец, а со меморандумот се обврзуваат двете компании да инвестираат 500 милиони евра.

Според планот, годишно се планира продажба од 100.000 возила, а продажбата се очекува да започне во 2021 година во Кина.

Дел од произведените возила ќе бидат испорачани во Германија каде се наоѓа и седиштето на StreetScooter, компанија во мнозинска сопственост на Deutsche Post.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK