На саемот во Франкфурт имало за 30 отсто помалку посетители

ОБЈАВЕНО НА:

Заврши овогодинешниот саем за автомобили во Франкфурт, но организаторот нема многу причини за прослава.

Според официјалните информации за посетеноста на саемот, оваа година саемот го посетиле речиси 560 илјади посетители што споредбено со минатиот саем кој се одржа во 2017 година е пад од речиси 30%.

Постојат повеќе причини за тоа. Една од причините е што на овој саем не настапија голем број на производители како што се Ferrari, Alfa Romeo, Fiat, Maserati, Toyota, Peugeot, Nissan, Volvo и други, а исто така овој саем го заобиколија и бројни други производители на делови и галантерија за автомобили.

Друга причина е малиот број на премиери, релативно повисоките цени на влезници… Врз самиот саем влијаеше и повикот на бојкот на многу активисти за животна средина како и протестот што се одржа во близина на саемските сали.

Ова е доказ дека саемите не се повеќе интересни за посетителите и вљубениците во автомобилизмот како порано па оттука веќе некои од оглемите и познати саеми најавија инвоирање во наредните изданија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK