Новиот Honda Jazz во Европа само како хибрид

ОБЈАВЕНО НА:

Европската дивизија на Honda уште минатата година ги најави плановите за напуштање на дизелот и бензинот од својата понуда во Европа. Иако на тоа се гледаше како планови за подалечната иднина, сепак јапонскиот производител ги презема првите чекори во реализацијата на овие планови.

Првиот чекор во ова Honda ќе го направи на новата генерација на моделот Jazz кој во Европа ќе дојде само како хибриден автомобил.

Целосно хибридната верзија ќе располага со 1 киловат часовна литиумско-јонска батерија и електричен генератор. Со ова Honda на “Стариот континент” ќе понуди автомобил кој во целост ги исполнува WLTP стандардите за издувни гасови, а воедно ќе биде конкурентен на новиот бран во автомобилската индустрија предводен од хибридните и целосно електричните автомобили.

Што се однесува до новата, четврта генерација на овој модел, истата својата премиера ќе ја има на претстојниот саем за автомобили во Токио по што во Јапонија во продажба ќе се појави кон крајот на годинава. Во Европа доаѓа во текот на првиот квартал следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK