Nokian Tyres лансира апликација која ќе ги следи гумите на автомобилот

ОБЈАВЕНО НА:

Во Nokian Tyres развија мобилна апликација која ќе ги информира возачите за движењето и температурата на гумите. Системот Nokian Tyres Intuitu ќе снима податоци од гумите, користејќи IoT сензори, кои се инсталирани во гумите. Тие се независни еден од друг и користат малку енергија.

Сензорите се поврзуваат во мрежа и испраќаат идентификација и податоци преку апликацијата до мобилниот уред. Системот не бара никаква модификација на самиот автомобили туку само гуми со сензори и мобилен уред.

Првата верзија на сензорите ќе ги испрати податоците за притисок и температурата на гумите, кои ќе се пренесат преку апликацијата кон мобилниот уред и кон складирање на добиените податоци.

„Апликацијаа им дава мир на возачите информирајќи ги за притисокот и температурата на гумите, помагајќи им да се спречат оштетувањата и да се спречат можните аномалии. Движењето на гумите во добра состојба ја одржува машината во функција, го минимизира присилното запирање и другите трошоци поврзани со оштетување“, вели Тони Силверберг, кој е раководител на секоторот за продажба и маркетинг во Nokian Tyres.

После купувањето на гумите со сензори е неопходно да се инсталира и апликацијата. Првично, системот ќе биде достапен за гуми од земјоделските машини, а во подоцнежната фаза компанијата планира да го дигитализира целиот свој опсег на производи.

Системот за мониторирање на дигиталните гуми ќе биде откриен на самоето Agritechnica во ноември, а производот ќе биде достапен за купување во 2020 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK