Бугарија воведува осум нови сообраќајни знаци

ОБЈАВЕНО НА:

На патиштата кај нашиот источен сосед наскоро би требало да е појават вкупно осум нови сообраќајни знаци. Тие ќе укажуваат на присуство на сообраќаен метеж, намалена видливост, несреќа на патот, станици за полнење за електромобили и станици за полнење на автомобилите со водород. Со новите знаци ќе бидат означени и патиштата на кои ќе биде потребно да се користи вињетка или да се плати патарина.

Се предлага и воведување на три нови знаци за предупредување за организација на привремен сообраќај. Тие се во групата А и ќе сигнализираат жолто-жолто. Знакот А41 – „Формиран метеж“, ќе се користи за да сигнализира на патните делови каде што ќе се појави метеж што возачите можеби нема да го забележат навремено.

Знакот А42 – „Намалена видливост“ ќе се користи за сигнализирање на деловите од патот каде што видливоста е намалена поради магла, дожд, снег, чад, прашина или други слични услови.

Знакот А43 – „Несреќа на патот“, ќе се користи за сигнализација за инцидент кој создава опасност или потешкотии за нормално движење. Знаците за предупредувње можат да бидат прикажани на информативните табли на интелигентни сообраќајни системи поврзани со управувањето на движењето.

Со нови сообраќајни знаци ќе се сигнализираат и учесниците во сообраќајната мрежѓа за која е потребно да се има платена вињетка или патарина. Знакот Д25.1 ќе ги информира возачите дека за користењето на патот е потребна платена вињетка или патарина, додека знакот Д25.2 ќе биде само за патарина. Тие ќе се постават на местото од каде што почнува обврската за плаќање.

Предвидени се и специјални знаци кои укажуваат на присуство на станици за полнење на електричните возила и станици за полнење на автомобилите со водород.

Воведен е и посебен патоказ за паркирње на електрични возила за полнење – Д26. Меѓу утврдените симболи се додава и симболот „Електрично возило“.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK