Потрошил 34.000 евра за да оспори казна од 112 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Возач од Британија потроши 30.000 фунти (33.8500 евра) правната битка која траела три години за докажување на „за праведност“ за да докаже дека добил неоснована казна од 100 фунти (112 евра) за зголемена брзина. Ричард Кидвел, кој има 71 година тврди дека системот има „сериозни недостатоци“, а парите што ги потрошил биле наменети за наследство на неговите синови.

Според упорниот Англичанецот, камерата го снимила погрешно и покажала дека вози со 35 милји на час (56 км/ч) при ограничување од 30 (48 км/ч) во ноември во 2016 годин. Тој тврди дека бил бескрајно изненаден од казната и не можел да верува дека ја надминал дозволената брзина.

Пензионираниот инженер најмил експерт за видеозаписи и електроника, кој ќе докаже пред судот дека камерата може да го снимала автомобилот во соседната лента или едноставно да не ја отчитува правилно брзината. Судиите ги отфрлиле аргументите и Кидвел го загубил делото, а после тоа и жалбата.

Очекувал случајот да биде решен брзо во негова корист, но кога веќе тргнал по патот решил да оди до крај и се покажало дека потрошил 21.000 фунти (23.563 евра) за адвокат, 7.000 фунти (7.854 евра) судски такси и нејасно е уште колку за траспорт.

„Ми дојде преку глава од системот. Жалам за ‘фрлените ‘ пари. Едноставно сакав праведност“, кажа Кидвел.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK