HB20S – еден поинаков Hyundai кој доаѓа од Бразил

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai како и многуте останати производители за одредени регионални пазари нуди одредени модели достапни само на тие пазари.

На пример во Кина европските производители нудат модели со поголемо меѓуоскино растојание кои во поголема или помала мера се различни од оние во Европа или САД. Бројни јапонски и американски производители нудат целосно нови модели кои не може да се најдат на други пазари.

Иста е ситуацијата и со Индија, но и Јужна Америка. Токму за овој последниот пазар, Hyundai претстави нов модел во две изведби – седанска и хечбек.

Hyundai HB20

Станува збор за новата генерација на моделот HB20 кој подолго време се произведува во близина на Сао Паоло, Бразил.

Должината на седанската изведба изнесува 4.230 мм, на хечбек изведстбата 3.920 мм додека кросовер изведбата е со должина од 3.995 мм.

Тука е и новиот инфотејнмент систем со 8 инчен екран осетлив на допир, Android Auto, Apple CarPlay, воздушните перничиња, електричното серво, а во повисоко ниво на опременост доаѓа и со паркинг сензори.

Hyundai HB20

Покрај седанската и хечбек верзија тука и SUV верзијата која доаѓа со поголем клиренс.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK