Во јули годинава експедиција со Aiways U5 тргна од Кина со цел да пристигне на саемот во Франкфурт со што симболично ќе се означи ширењето на овој производител и на европско тло.
Експедицијата сосема успешно го помина патот од 14.231 километар и пристигна на почетокот на саем. Сето тоа беше проследено со свеченост каде домаќините му посакаа топло добредојде на кинескиот производител.
Оваа експедиција возеше најразлични терени вклучувајќи ја и пустината Гоби, а помина и низ Казахстан, Русија, Финска, Шведска, Норвешка, Данска пред да стигне до крајната дестинација.
На овој саем Aiways ја имаше и светската саемска премиера на моделот U5. Овој електричен автомобил го придвижува електричен мотор од 190 КС и 315 Nm. Погонот е на предните тркала додека со едно полнење, според NEDC стандардите овој автомобил може да помине максимум 503 км.
Првите примероци од овој модел треба да бидат испорачани во април следната година, а засега не се открива цената ниту пак начините како и каде ќе може да се купи овој автомобил.