За време на саемот кој од 12 до 22 септември се одржува во Франкфурт своја премиера ќе има новиот Mеrсеdеs-Bеnz GLЕ Соupе. Автомобилот има новитети, а кросоверот GLЕ Соupе 2020 e пoрacнaт дo 4.939 мм во должинa и дo 2.010 мм во ширoчинa. Линијата на таванот е позакосена, а предните фарови се поелегантни. Разликите со стандардното GLЕ во предниот дел се минимaлни.
Како и кај сите нови возила на Mеrсеdеs и тука во внатрешниот дел се присутни два 12,3 инчни дисплеи. Првиот го покажува виртуелниот прибор пред возачот, а вториот има екран за допир и ги покажува функциите на мултимедијата.
Поради големите димензии и внатрешниот дел е покомотен, а обемот на багажникот сега е 655 литри. Просторот за товар може да биде зголемен за сметка на на седиштата одзади, па обемот може да се зголеми до 1790 литри.
Основниот Mеrсеdеs GLЕ Соupе го вклучува системот за автоматско запирање, а со доплаќање ќе може да се добие и технологија за полуавтоматско движење. Како опција е нудат и уште активни стабилизатори и пневматски суспензии.
Првите продажби ќе почнат со трилитарските тубро V6 –бензинци со моќност од 362 коњски сили, додека дизел моторите се два и располагаат со моќност од 272 и 330 коњски сили. Сите верзии работат со деветстепен менувач.
Топ варијанта ќе биде Mеrсеdеs-АMG GLЕ53 Соupе, кој е опремен со трилитарски мотор со моќност од 435 коњски сили, додека турбо моторот има помош од електромоторот со моќност од 22 коња.