Pininfarina паузира од автомобилите – дизајнираше воз за Швајцарија

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанската дизајнерска компанија Pininfarina дизајнираше воз за потребите на швајцарските железници. Goldenpass Express е називот на возот кој првото возење ќе го има на 13 декември 2020 во Швајцарија.

Најавен како најбезбеден, со богата напредна технологија и опрема, овој воз треба да биде пример за современ воз.

Ова не е прв пат Pininfarina да дизајнира возови. Во периодот од 1987 до 2000 година работеше на брзиот италијански воз ETR 500. Во 90-те години развиваше и две локомотиви за потребиде на швајцарската федерална железница, а исто така работеше на неколку проекти за националните железници на Норвешка, Шпанија, Данска и Грција.

Во последните неколку години Pininfarina активно работи и на развој и дизајн на ултра луксузни јахти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK