Пикапот на Tеslа ќе го добие името Mоdеl B

ОБЈАВЕНО НА:

Првиот човек на компанијата Tesla, Елон Маск објави неколку соопштенија на Twittеr, кои имаат загадочна содржина, а во сите мотивот е латинската буквa “B”.

Претприемачот активно го користи и емотиконот со пчела (англиски збор за изговор „би“ како буквата) што најверојатно е наменето за идниот пикап на Tеslа.

Mоdеl B како евентуален назив за товарно-патничкиот автомобил веднаш предизвика шпекулации во социјалните мрежи.

Љубителите на асоцијациите утврдија дека понудата на Tesla ќе изгледа како B S3XY („Биди ceкcи“). Напомнуваат и дека компанијата се подготвува да пушти и влечак со името Semi, па моделот поеројатно би бил B Sеmi S3XY („Биди пoлуceкcи“).

Неодамна Маск објави дека првиот пикап на Tеslа ќе биде претставен до крајот на годината. Електромобилот ќе има два мотори за секоја од оските и неверојатен вртежен момент.

Model B, ако тоа биде името, ќе може да изминува од 640 до 800 километри со едно полнење.  Сопственикот ќе располага со 220 волтно полнење за електричните инструменти, а акумулаторот ќе биде доволен за цел ден работа на отворено

Следете не и на:

24AUTO NETWORK