Mahindra планира нова фабрика во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот индиски производител на автомобили, Mahindra има сериозни намери за освојување на американскиот пазар. Откако претходно ја отвори фабриката во Обрн Хилс во Мичиген, сега, оваа компанија планира нова, втора фабрика во САД.

Станува збор за браунфилд инвестиција т.е. инвестиција во фабрика која во минатото се користела за производство на автомобили, а во моментов не работи.

Тоа е фабрика која исто така се наоѓа во сојузната држава Мичиген, а каде во минатото се произведувале автомобили од брендот на Buick. “Ова е само еден дел од она што го планираме тука” изјави Рик Хас, претседател на Mahindra Automotive North America.

За добивање на оваа фабрика во моментов конкурираат и други три производители на автомобили

Следете не и на:

24AUTO NETWORK