Државата со 2,7 милиони евра ќе субвенционира купување „старо за ново“, ставање плин и метан

ОБЈАВЕНО НА:

Во дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за возила,кој денес беше усвоен на собраниската седница се предвидени 170 милиони денари а субвенционирање на вградување на плински и метанов уред во возилата со ЕУРО 4 стандард и помалку, како и за купување на ново возило по системот старо за ново.

Првично овие средства беа предвидени за субвенционирање на набавка на нови хибридни и електрични возила, но со амандманите е преиначено решението. Сепак, оние што ќе купуваат хибридни и електрични возила ќе можат да користат субвенции од програмата старо за ново возило.

Добивањето на еколошна налепница на возилата со зелена боја ќе бид енаменета з аоние што имаат стандард ЕУРО 5 и повеќе но и за возила со ЕУРО4 и ЕУРО3 во кои има вградено плин или метан. истото се однесува иза електричните и хибридни возила.

При голема загаденост на воздухот надлежните власти ќе можат да забранат движење на возилата кои не ги исполнуваат стандардите, односно немаат зелена налепница.

Трошокот за издавање на еколошка налепница ќе биде н атрошок на граѓаните. Ако некој издаде погрешка еколошка налепница ќе доби еказна од 250 евра. Од категоризацијата се изземаат возилата на војската, полицијата, пожарната и брзата помош, како и возила во кои се возат лица со попреченост. Тие ќе можат да се движат и во зоните каде има забрана за движење поради загаденост на воздухот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK