Опоравувањето на Михаел Шумахер напредува и тој ужива да гледа трки во Формула 1 на ТВ, откри Жан Тод, поранешниот шеф на тимот на Ферари за кого настапува Германецот.
Французинот кој е претседател на ФИА откри за радиото „Монте Карло“ мали детали за животот на Михаел Шумахер по ужасната несреќа на Алпите пред пет години.
„Јас секогаш сум внимателен со изјави како ова, но тоа е вистина. Ја гледавме трката заедно во неговиот дом во Швајцарија“ изјавил Тод. Тој, сепак, одби да даде повеќе детали затоа што, пред се поради семејството на Шумахер.
“Михаел е во најдобри раце. Тој не се предава и ја продолжува својата борба”, додаде Тод.
Тој додаде дека е тажен што не може да комуницира со Шумахер како што порано.
„Неговото семејство се бори, исто како и тој, и секако, нашето пријателство не може да биде како порано, затоа што нема комуникација како што беше порано“, рече Тод.