Ова се најпопуларните 10 автомобили во Русија

ОБЈАВЕНО НА:

Рускиот пазар за автомобили воопшто не е за потценување. Иако тамошните купувачи имаат доста специфични преференции, сепак големите автомобилски производители посветуваат големо внимание на исполнувањето на желбите на овие купувачи.

Сепак, многу е тешки, особено западните производители да дојдат до голема популарност на овој пазар. Тоа може да се види од листата на најпопуларни 10 автомобили во Русија каде доминира Lada и азијските производители.

Базирајќи се на продажбите во последните неколку години, најпопуларен автомобил во Русија е Lada Vesta која на првата позиција се наоѓа пред Lada Granta. Блиску зад овие два водечки автомобили е Kia Rio.

Оваа тројка е далеку пред останатите автомобили, а потенцијална закана претставуваат Hyundai Creta и Hyundai Solaris кои се наоѓаат на четвратата и петтата позиција. Најпопуларен европски автомобил во Русија е Volkswagen Polo на шестата позиција на листата на популарност.

На седмата позиција се наоѓа уште една Lada. Станува збор за моделот Largus кој е трета најпопуларна Lada во Русија. На осмата и деветтата позиција се наоѓаат Renault Duster и Skoda Rapid, додека најпопуларната десетка ја заокружува Lada XRay,

Следете не и на:

24AUTO NETWORK