Volvo со рекордна продажба во првите шест месеци

ОБЈАВЕНО НА:

Volvo во официјално соопштение се пофали за одличните продажни бројки за првите шест месеци годинава.

Според податоците, во првата половина годинава шведскиот производител испорачал 340.286 возила што споредбено со истиот период минатата година претставува раст од 7,3%.

Најголем удел во продажбата имаат SUV моделите кои сочинуваат 60,7% од вкупната продажба, додека останатиот дел припаѓа на останатите модели. При тоа најпродаван модел е XC60 со продадени 50.946 примероци, а на втората позиција е XC40 со продадени 32.961 примерок.

Во соопштението се наведува дека најголем пораст на продажбата изразено во проценти е остварен во Велика Британија и тоа од 30%, Германија 32% и Кина од 10,2%.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK