Toyota најмногу троши на Facebook, Audi на YouTube

ОБЈАВЕНО НА:

Во најновото истражување на BrandTotal Toyota е брендот кој најмногу троши за Facebook рекламирање, додека на YouTube најмногу тоа го прави Audi.

Извештајот на оваа компанија се однесува на тоа кој бренд колку троши на различните социјални мрежи. При тоа Toyota 62% од своите активости и буџети за интернет рекламирање ги посветува на Facebook. Приближен процент има и Ford како и Infiniti. На YouTube најголем трошаџија покрај Audi е и Porsche, а зад нив се рангирани Cadillac, Ford и Honda.

Infiniti е брендот кој најмногу троши на Instagram и тоа 40% од своите ресурси предвидени за социјални мрежи. На втората позиција со 39% се наоѓа Porsche, а потоа следат BMW и Honda.

Интересен е податокот што BMW на Twitter троши дури 20%, Cadillac 8%, а сите останати посветуваат помалку од 2%.

За разлика од сите останати, можеби малку чудно, но Tesla е единствениот производител односно бренд што не троши воопшто ресурси на рекламирање.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK