Според последните истражувања се чини дека електричната струја за полнење на акумулаторските батерии во електричните автомобили би можела да биде и поскапа од бензините или дизелите. Во земјите на Балкан каде што има полначи тие главно се бесплатни, доколку не се сметаат две кафиња кои ќе бидат испиени додека се чека полнењето. Сепак, наскоро и тука ќе се плаќа електричната енергија со која се полнат батериите на автомобилите, па тогаш ќе се види вистинската исплатливост на електричните возила.
Сите се надеваат дека нема да биде виден развој на ситуацијата каков што се случил во Германија. Истражувачкиот иститут спровел истражување на пазарот, а откриено е дека цента на струјата која е доволна за да се поминат 100 километри може да варира и до повеќе од двојно зависно каде ќе одлучите да го наполните вашиот автомобил. Од друга страна цената на горивото на пошироко подрачје на Европската унија е релативно израмнета.
Во моментов ситуацијата на германскиот пазар е следната:
На E.ON станиците за полнење 100 километри домет чини 7,95 евра, на New Motion 14.88 евра, a на станиците на Plugsurfing чини високи 16.36 евра. Во исто време 100 километри на бензин чинат 8,7 евра во просек. Цената за 100 километри со дизел е уште поповолна бидејќи тие возила традицонално трошат помалку гориво. Разликата е очигледна, а сите зборуваат дека електричната мобилност е поповолна (и би требала да биде).
Дополнителен проблем на електричната енергија е тоа што таа и понатаму во голем процент се добива од фосилни горива (што е вистински нонсенс). Мора на тоа да се додаде и губењето на електрична енергија во дистрибуциската мрежа (не е мал процент).
Се доаѓа до заклучок дека сè додека автомобилите нема да ги полниме исклучиво од обновливи извори, приказната за струјата нема да има преголем смисол. А станува збор само за струја. Проблематиката која ја донесуваат батериите е нешто сосема друго, а тоа е еден сосема нов литиум-јонски проблем.