Ford повлекува 1,3 милиони возила

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот производител Ford е пред голем предизвик, во наредниот период ќе повлече дури 1,3 милиони возила.

Опфатени со ова повлекување се возилата од моделот Explorer произведени во периодот помеѓу 17 мај 2010 до 25 јануари 2017 година, а при тоа произведени во фабриката во Чикаго. Главна причина за повлекувањето на овие возила е проблемите со суспензијата.

Најголем дел од овие возила ќе бидат повлечени од американскиот пазар и тоа нешто над 1,2 милиони возила. Помал дел ќе бидат повлечени од Канада и Мексико.

Претходно, Ford наред повлекување на нешто над 100 илјади возила од моделот Econoline како и одреден број на возила од F-150. Во одредени сојузни држави во Канада во моментов трае повлекувањето на возила од моделите Taurus, Flex како и Linxoln MKS и Lincoln MKT.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK