Германскиот производител BMW го започна производството на серија 3 во Мексико, а со самото тоа и официјално во работа го пушти новиот погон во Сан Луис Потоси.
Новата фабрика се градеше неколку години, а баварскиот производител го чинеше нешто повеќе од милијарда американски долари. Во моментов вработени се 2.500 работници кои ќе работат на производството на овој автомобил.
Годишниот капацитет изнесува 175 илјади автомобили, капацитет кој во целост се очекува да биде искористен уште следната година. Сепак, проблем во исполнувањето на производствената квота може да биде и свежо воведената такса од дополнителни 5% што администрацијата на Трамп ја воведе за Мексико.
Евентуалното зголемување на овие такси може да предизвика сериозен удар за BMW бидејќи во Мексико во моментов оперира со три фабрики во кои се произведуваат бројни модели од овој производител како и склопки кои потоа се извезуваат во САД.