Mercedes со видео го најави новиот GLB (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Уште минатата година германскиот производител Mercedes објави дека ќе го лансира новиот модел GLB. Сега, во пресрет на премиерата која ќе се случи ова лето, на својот YouTube канал, Mercedes објави тизер видео од овој модел.

Во 27 секундното видео, Mercedes ја потенцира просторноста на овој модел, наведувајќи дека може без проблем да собере еден цел тим за мал фудбал.

Она што е познато во моментов е дека GLB ќе се темели на MFA2 платформата која меѓудругото ја користи и моделот GLA. Екстериерно не се очекува ништо спектакуларно. Новиот дизајнерски “јазик” на дизајнерите од Штутгарт ќе биде применуван и кај овој модел, па така за очекување се многу идентични детали како и кај новите генерации на A и B класата.

https://youtu.be/tW29vktZJIk

Истото се очекува и во ентериерот каде ќе доминира новиот MBUX инфотејнмент каде централно место ќе заземе 10.25 инчната дигитална табла. Секако, во поглед на опремата, тука се интегрирани и последните безбедносни системи како што се Active Distance Assist, Active Lane Change Assist и Active Emergency Stop Assist.

Инаку претходно Mercedes го потврди доаѓањето на GLG класата која ќе се позиционира помеѓу GLA и GLC, а целен пазар и на овој SUV ќе биде кинескиот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK