Продажбата на нови автомобили во Германија почна да расте

ОБЈАВЕНО НА:

По низата месеци на лоши резултати во поглед на продажбата на нови автомобили, конечно во Германија е остварен значителен, позитивен раст на продажбата. Според официјалните податоци на KBA (Motor Transport Authority) во изминатиот месец во оваа земја се продадени 332.962 нови автомобили што претставува пораст за 9,1% во поглед на мај минатата година.

Значителен пораст во мај забележаа автомобилите со дизелски агрегат и тоа 16%, додека оние со бензински остварија минимален пораст од 0,9% задржувајќи го пазарното присуство од 59%.

Најголем процентуален пораст на продажбата забележаа Tesla и тоа од 17%, Volvo 77% и BMW 42%. Од друга страна процентуално, голем пад забележа Alfa Romeo од 54%, Honda од 33% и Мini од 17%.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK