Tesla со амбициозен план – 10.000 возила годишно од родстер моделот

ОБЈАВЕНО НА:

Елон Маск, првиот човек на Tesla, уште минатата година ги откри плановите за производство на родстер модел. Сега тој и официјално ги покажа своите амбиции кога е во прашање овој модел.

Како што откри за американските медиуми, тој планира годишното производство од 10 илјади примероци со што ќе го направи најпродаван електричен автомобил кога е во прашање сегментот на родствер автомобилите.

Она што се очекува од новиот родстер е да забрзува до 100 км/ч. за помалку од 2 секунди, а максималната брзина која ќе може да ја достигне изнесува 402 км/ч. Тоа би го можел моделот што ќе ја има највисоката опременост и најсилниот мотор. И истовремено да не биде ограничена максималната брзина односно перформанси.

Иако нема официјална потврда, сепак се очекува производството да започне следната година, а почетната цена би изнесувала околу 200 илјади американски долари.
Следете не и на:

24AUTO NETWORK