Иако претходно постоеја шпекулации дека моделот XCeed, Kia ќе го открие во март, сепак тоа не се случи. Наместо тоа на интернет од време на време се појавуваа по некоја тизер и шпиунска фотографија.
Сега, официјалната премиера е закажана на 26 јуни, а со самото објавување на датумот, јужнокорејскиот производител објави и прва, целосно “гола” фотографија од страничниот дел.
Надворешноста ќе биде интерпретација на дизајнерскиот јазик применет кај останатите модели од семејството на Ceed, со некои благи и истакнати промени. Од внатрешноста засега нема фотографија, но истата се очекува да биде идентична како основниот хечбек модел. Она што е новитет, а е потврдено е дека овој модел ќе располага со 12.3 инчна диигтална инструментална табла која доаѓа со повисокото ниво на опрема.
Овој модел на пазарот ќе се појави до крајот на годината како конкурент на Ford Focus Active, Subaru XV, VW Golf Alltrack и VW T-Roc, а ќе се продава на глобалниот пазар каде е застапен брендот на Kia.
XCeed ќе ги има истите мотори како и основната изведба на Ceed, а според пишувањата ќе добие и електифицирана изведба која ќе се појави кон крајот на годинава, не подоцна од првиот квартал следната.