Nissan со 363 автомобили на финалето на Лигата на шампиони

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Nissan кој е официјален спонзор на УЕФА Лигата на Шампионите во Мадрид испрати 363 автомобили. За потребите на организацијата на финалниот натпревар, Nissan ќе испорача автомобили од различни модели, а најголем дел од нив ќе бидат од електричниот модел Leaf.

Покрај овој најпродаван електричен автомобил во Европа, главна ѕвезда ќе биде моделот Leaf NISMO RC 2.0. Овој автомобил ќе го вози поранешниот бразилски интернационалец Роберто Карлос кој со овој автомобил ќе го достави трофејот од Лигата на Шампионите на стадионот во Мадрид.

Сите овие автомобили ќе бидат користени од страна на официјалните лица на УЕФА, организацискиот одбор на финалето, официјални лица претставници на стадионот и фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид, новинари, поканети гости како и претставници на двајцата финалисти.

Инаку финалниот натпревар се игра вечерва во Мадрид на стадионот Ванда Метрополитано, а силите ќе ги одмерат Ливерпул и Тотенхем.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK