И Honda воведува виртуелни ретровизори

ОБЈАВЕНО НА:

Примената на технологијата во автомобилската индустрија и кај самите автомобили е поголема од било кога. По германски Audi и најавите на Toyota, и Honda најави воведува на виртуелни ретровизори.

Заменувајќи ги традиционалните, овие камери треба да донесат поголемо ниво на безбедност, а тука е и големата предност во поглед на аеродинамичноста.

Овие ретровизори функционираат на веќе познатиот начин. На страничните делови од автомобилот, поточно предните врати се поставени камери кои ќе продуцираат слика во внатрешноста на кабината, а благодарение на напредната технологија возачот ќе има и поширок агол.

Оваа технологија која ќе продуцира слика на два 6 инчни екрани ќе биде за прв пат воведена кај електричниот мал автомобил Honda E, а потоа се очекува да бидат воведени и кај останатите модели од понудата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK