Auf Wiedersehen TT!

ОБЈАВЕНО НА:

Патешествието на спортскиот модел TT завршува – Audi и официјално потврди дека овој модел нема да добие директен наследник. Уште минатата година беше неизвесна иднината на овој модел, но тогаш производителот од Инглоштад објави дека сепак ќе следи редизајнирана изведба на овој модел.

Сега се шпекулира дека во овој сегмент Audi ќе лансира електричен модел кој ќе се базира на MEB платформата, истата онаа на која VW ќе го лансира моделот ID.3.

Инаку моделот TT за прв пат беше лансиран од страна на германскиот производител во 1998 година и веднаш прерасна во спортска икона на овој бренд. Последната и трета генерација Audi ја лансираше во 2014 година како најдобар одраз на дизајн и спортски карактер.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK