Откако производителите ги сумираа продажните перформанси за април, JATO Dynamics ги соопшти најпродаваните автомобили на месечно ниво. Со продадени 35.452 нови автомобили и натаму најпродаван модел е VW Golf кој минатиот месец иако забележа процентуален пад од 9.6% сепак и натаму е на првата позиција пред Renault Clio кој оствари продажба од 29.998 примероци.
На третата позиција се најде уште еден автомобил на Volkswagen. Станува збор за новото Polo кое оствари продажба од 22.637 нови автомобили што е пад за 14.5% во споредба со истиот месец минатата година.
На четвртата и петтата позиција се најдоа Ford Focus и Dacia Sandero. Најдобрата десетка ја сочинуваат уште Peugeot 208, Skoda Octavia, Ford Fiesta, Citroen C3 и Dacia Duster.
Изразено во проценти, најголем пораст остварија моделите Mercedes A-Class (+63.9%), Fiat Panda (+50.2%) и Dacia Duster (+30%) додека најголем пад оствари Ford Fiesta од -18.5%.