Тимот што победува не се менува – Тото Волф и Ники Лауда остануваат во Мерцедес

ОБЈАВЕНО НА:

Шефот на Mercedes Formula 1 тимот, Тото Волф и неизвршниот директор Ники Лауда потпишаа нови договори за останување до крајот на 2020 година.

Нивното останува се поистоветува и со останувањето на Mercedes во Ф1 според договорот што го имаат со ФИА. Заедно со другите тимови, и Mercedes преговара со новите сопственици, компанијата Либерти Медија за останување и по 2020 година.

Волф задржа 30 отсто од акциите во тимот, додека Лауда поседува 10 отсто. Двајцата дојдоа во тимот пред шампионската ера, Лауда во 2012 а Волф во 2013 година.

За следната сезона тимот на Mercedes потпиша договор со Валтери Ботас кој ќе го замени светскиот првак Нико Розберг. Сепак „прва виолина“ е Луис Хамилтон.

Тимот ќе го претстави болидот во четврток пред да почнат предсезонските тестирања.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK