Кружниот тек го намалува бројот на сообраќајните несреќи

ОБЈАВЕНО НА:

Спроведеното истражување во Холандија направено за кружните текови покажало дека во споредба со стандардните раскрсници се намалува бројот на несреќи за 50 проценти. Сепак, освен тоа што со воведувањето на кружните текови популарно наречени ротори бројот на сообраќајни несреќи ќе биде преполовен, бројот на повредени учесници во сообраќајните несреќи ќе биде смален за дури 70 проценти.

Бројот на повредени патници во возилата е смален за 95%, на пешаците за 89%, додека велосипедите, кои и онака се меѓу најзагрозените учесници во сообраќајот е смален за 30%.

Слично истражување во Германија покажало дека воведувањето на кружниот тек го смалува бројот на несреќи за 44%, а во Шведска за 47%.

Сепак, освен зголемување на безбедноста во сообраќајот воведувањето на кружниот тек место стандардната раскрсница го смалува времето за чекање бидејќи сообрајаќот има подобар проток, а тоа поволно влијае и на околината бидејќи како последица доаѓа до смалување на количината на издувни гасови.

Нема податок како воведувањето на кружни текови кај нас во Македонија на безбедноста и намалувањето на несреќите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK