Невообичаени BMW возила, за кои не сте слушнале (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Во својата долга историја, автомобилскиот проиводител од Германија, BMW успеа да направи голем број на интересни автомобили.

Повеќето од нив брзо се стануваа култ, но има и такви, за кои знаат само најзаколнатите фанови на брендот од Баварија.

Сепак, дали некогаш сте слушналец за возилата кои ќе ги видите во продолжение.

BMW Hurricane

Тоа е елегантно и нетипично купе за BMW се појавува во далечната 1967 година. Дело е на студенти, кои стажираат во BMW и е изградено на база на сериското 1800ti.

BMW 2000 ti Coupe

Овој баварски автомобил е создадени од италијанското студио Frua и е покажан првпат во 1968 година. Подоцна се појавува и верзијата, опремена со трилитарскиот V-облик, кој располага со моќност од 160 коњски сили.

BMW 2800 Spicup

Стилистите на Бертоне го претворија BMW 2800 CS, произведен во 1969 година во доста невообичаен кабриолет. Интересно, овој концепт наречен BMW 2800 Spicup, е продаден веднаш откако е покажан и потоа се користи како автомобил за секој ден.

BMW 1602 Electro-Antrieb

Тоа е првото електрично BMW. Излегува на виделина во 1972 година, а серијата е направена во чест на Олимписките игри во Минхен. Автомобилот е опремен со електромотор со моќност од 43 коњски сили, а со едно полнење возилото може да помине 60 километри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK