Реставрација на векот – од крнтија до вистинска убавица

ОБЈАВЕНО НА:

Реставрацијата на автомобили од 50-те и 60-те години е навистина голем подвиг. При тоа потребно е многу време, знаeње, вештини и секако пари.

Се чини дека сето тоа во голема залиха го имал Торни Келам кој успеа да направи целосна реставрација на Lancia Aurelia B20 GT од 1953 година.

Келам успеа да на овој автомобил му го врати сјајот откако тој во целост беше уништен благодарение на времето и негрижата. Процесот на реставрација траел повеќе од две години, а финишираше со фарбање на каросеријата во оригинална боја. Сега, оваа Lancia Aurelia B20 GT ќе учествува во легендарната трка Mille Miglia.

Инаку италијанскиот производител произведе само 720 примероци од серијата III, што поради реткоста и одличниот дизајн го прави овој автомобил еден од најбараните модели на Lancia на пазарот на олдтајмери. Aurelia под хаубата располага со 2.5 литарски V6 мотор кој продуцира 118 КС, а доаѓа во комбинација со четири степен мануелен менувач и бројни други механички компоненти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK