Телефоните поголема закана за сообраќајот отколку алкохолот?!

ОБЈАВЕНО НА:

Користењето на паметните телефони за време на управувањето со моторно возило создава поголем ризик отколку употребата на алкохол, покажуваат последните информации од најновото истражување спроведено од страна на американската аналитичка агенција Zendrive.

Истражувањето се реализираше изминатата година, а биле вклучени бројни возачи од САД. Според резултатите, користењето на телефон било причина за возачите да успртат дури 6.227 пешаци што е многу загрижувачки податок.

Користењето на паметен телефон придонесува за ненавремено стопирање на возилото, недржење на прописно растојание како и целосно игнорирање на околината гледајќи во екранот на телефонот.

Дека телефоните се поголема закана покажува и податокот дека пијаните возачи најчесто ги управуваат своите авотмобили во три часот по полноќ додека оние кои користат телефон при воззењето тоа го прават во периодот од седум часот наутро до шест поПладне кога има и најголема фреквенција на сообраќајот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK