Новите Huawei паметни часовници од Watch GT серијата достапни во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Huawei Watch GT серијата на паметни часовници прв пат се појави на пазарот во октомври минатата година со линиите „Classic Edition“ и „Sports Edition“ и веќе достигна продажба од над еден милион единици на глобално ниво. Новите часовници Watch GT од линијата „Activе Edition“ во две нови, исклучително привлечни бои – темно зелена и портокалова, беа најавени за време на глобалната промоција на P30 во Париз.

Супер издржлива батерија за поефикасно вежбање

Долгото траење на батеријата е главен фокус и достигнување на Huawei, не само на паметните телефони и таблетите на Huawei. Инспириран од легендарните GT автомобили, Huawei Watch GT паметниот часовник го користи својот иновативен систем за двојно подигање и ефикасен режим на заштеда на енергија за да се обезбеди максимално траење на батеријата во зависност од употребата на уредот.

Паметни часовници од Classic, Sport и Active моделите нудат до 2 недели траење на батеријата при целодневно носење и нормално функционирање како паметен часовник кој вклучува мерење на пулсот, оптимално пресметување на времето за спиење, 90 минутен тренинг неделно и примање пораки. Батеријата на Huawei Watch GT може да трае до 30 дена без полнење!

Фитнес технологии водечки во индустријата

Серијата „Active Edition“ исто така го нуди и новиот „Triathlon“ режим кој функционира во текот на три вида тренинзи- пливање, трчање и возење велосипед на отворено. Уредот може да го открие целиот тренинг, вклучувајќи го и времето за префрлање од еден спорт на друг. Режимот „Triathlon“ ќе биде наскоро достапен и за „Classic Edition“ и „Sport Edition“ по соодветни ажурирања.

Бидејќи проблемите со срцето не се невообичаени за луѓето со активен и динамичен секојдневен живот, Huawei Watch GT обезбедува 24-часовно следење на срцевите отчукувања, користејќи ја новата технологија Huawei TruSeen 3.0. Со иновативен хардвер и повеќе алгоритми за вештачка интелигенција, технологијата внимателно го следи и анализира срцевиот ритам на корисникот во реално време. Во режимот „Sport“, часовниците на Huawei Watch GT може да ги алармираат корисниците за потребните промени во вежбањето врз основа на претходно поставените параметри на срцевата фреквенција. Едноставно кажано: ако сте предвиделе дека вашето отчукувања на срцето не треба да надминува 80 за време на тренингот, часовникот ќе ви даде сигнал веднаш штом ќе почнете да ја надминувате таа вредност. Во режимот „одмор / rest“, часовникот го анализира срцевиот ритам на корисниците додека тие се во мирување.

Ова, сепак, е само дел од иновацијата во новите паметни часовници на Huawei. TruSleep 2.0 технологијата ви овозможува да го надгледувате вашиот сон и може да ви понуди до 200 решенија за најчестите проблеми со спиењето кои потрошувачите од целиот свет ги доживуваат. Вие исто така ќе можете да внесете лични подесувања кои ќе го анализираат вашето отчукување на срцето и дишењето додека спиете за да ви помогне да го подобрите квалитетот на спиењето и заедно со тоа вашето целокупно здравје.

Класичен дизајн со модерен вкус

Новата „Active Edition“ има 1.39-инчен AMOLED HD екран во боја со сензор на допир и резолуција од 454 x 454 пиксели и нуди широк спектар на позадини за дисплеи погодни за сите прилики. Без разлика дали тоа е тренинг сесија, деловна средба или забава, можете да бидете сигурни дека вашиот паметен часовник секогаш ќе изгледа добро. Функцијата исто така ќе биде достапна за „Classic Edition“ и „Sport Edition“ по соодветното ажурирање.

Специјалните „Fluroelastometer“ ремени од Huawei Watch GT не само што совршено ја надополнуваат целокупната визија на часовникот, туку и обезбедуваат удобност и издржливост дури и во најекстремни ситуации. Ремените за „Active Edition“ се достапни во портокалова и темно зелена боја.

Сите часовници од серијата Huawei Watch GT се достапни и во Северна Македонија по препорачана малопродажна цена од11.999 денари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK