Четвртата генерација на Clio ќе се произведува и следната година

ОБЈАВЕНО НА:

Иако во јануари годинава беше претставена новата, петта генерација од популарниот градски автомобил Clio, францускиот производител Renault одлучи актуелната генерација да продолжи да се произведува и тоа до март следната година.

Актуелната генерација која беше воведена во 2012 година бележи одлични продажни резултати па и покрај тоа што на пазарот како таква постои седум години, и натаму е најпродаван европски автомобил во својот сегмент.

Тоа е и главната причина зошто ќе продолжи производството на овој модел, но во понудата доаѓа со редуцирана понуда на мотори.

Во моментов овој модел се произведува во Франција, Турција, Словенија и Алжир, но до март следната година ќе се произведува само во Алжир и Турција, додека пак во останатите две фабрики во меѓувреме ќе започне со производство на новата, петта генерација.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK